Опаѓањето на коса е проблем кој секојдневно ве измачува? – Совршена храна за здрава и негувана коса.

image001

Проблемот со опаѓање на косата се појави и кај вас? Доколку имате бели одкриени површини во главата поради кои секојдневно поминувате стресни периоди, ова се само неколку промени што ќе би помогнат при регенерација и сјај на косата.

Машката популација е подеднакво засегната како и женската околу проблемот со ќелавост. Оваа болест е сензибилен предмет за разговор затоа што со себе носи многу грижи,  резултати на параноидни и неуспешни третмани. Како и да е, се додека проблемите не започнат  мал е делот на луѓе кои се грижат за својата исхрана и нега на коса. Пред да започнеш со грижите околу полна рака коса и закажување третмани, направи ретроспектива на својата диета. Иако гените и начинот на живот секогаш ја водат главната улога во овој проблем, внеси ги овие здрави совети за секојдневна исхрана.

Есенцијални нутритиенти за Здрава Коса!!!

Тајната за мазна, цврста и коса која свети не е во најскапите шампони-таа лежи во здравиот начин на исхрана. Јадењето разновидна храна овозможува коса за која одсекогаш сте сонувале.  Внесете ги овие нутритиенти во секојдневната исхрана и бидете чекор поблиску до здравјјето.

  • Железо и цинк: есенцијални минерали за растење на фоликулите од влакното. Храна која ги содржи овие минерали(црвено месо, јајце, спанаќ, свекло, грав, леќа, грашок)
  • Витамин Д: го активира растењето на косата. Поминете најмалку половина час во денот на сонце- дадете ја потребната помош на своето тело во синтеза на овој витамин.
  • Протеини: главни градители на секоја клетка во телото, ја обновуваат и зајакнуваат структурата на влакното. Минимален дневен внес е 50гр. протеини.

image002

  • Биотин : есенцијален нутритиент кој го синтетизира хормонот Кератин растечки фактор-хормон задолжен за поттик на кератинска синтеза-протеин од кој е составено влакното. Биотинот е уште познат како витамин Б7.
  • Омега-3 Масни Киселини: конзумирајте риба 2 пати неделно за јака коса полна со живот или заменете го внесот со суплементација ( 2гр. EPA или DHA дневно)
  • Витамини А и Ц: овие два витамини се битни за здрава коса затоа што го оформуваат себумот- обвивка околу фоликулите на влакното која заштитува од кршливост и оштетување.
  • Фолна киселина: есенцијален витамин за растење на коса затоа што при намалено ниво на фолна киселина во организмот доаѓа до забавена поделба и репроукција на фоликулите.

Пишува Марина Релушкоска

Авторот на текстот е Дипломиран Нутриционист




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.