Oгромен смок се прошета низ населбата “Чачорица” во близина на центарот на Прилеп.
Змијата која е долга oколу метар ипол, откако била прегазена ја фотографирал и ни ја испрати жител на оваа населба.
Прилепчани кои живеат во овој дел на градот реагираат дека причината за појава на вакви големи змии е неуреденоста на речното корито од градска река и неискосената трева во периферните делови на реката.
Минатата недела голема змија се појави и покрај течението на Дабничка река кај типските куќи.