Посетата на премиерот на Јапонија Шинзо Абе во Сочи ја проби дупката во “меѓународната изолација” во која се најде Русија после кримскиот референдум пред две години, пишува Blumberg.
Премиерот на Јапонија, кој е клучен сојузник со САД во Пацификот, го игнорира повикот на претседателот Обама да ја откаже посетата на Русија. Тој со ова направи опасен преседан за Вашингтон, и е првиот шеф на држава од групата G7 кој се одлучи да се сретне со рускиот претседател во билатерален формат. Сега, после Абе, Русија ќе ја посети и премиерот на Италија Матео Ренци, кој треба да допатува на годишниот инвестициски форум во Санкт Петерсбург во јуни.
Абе планирал да разговара за решавање на територијалниот спор од времето на Втората светска војна, како и за решение за сириската криза. Премиерот на Јапонија има намера да предложи план за соработка во осум правци за поддршка на руската економија, вклучувајќи енергетски и индустриски развој на рускиот Далечен исток.
“Јапонија не може да си дозволи луксуз како што е “изолација” на Русија, затоа што е нејзините соседи, големите регионални сили Кина и Јужна Кореја, гледаат со сомневање”, наведе експертот на Московскиот центар “Karnegi”, Александар Баунов. По мислењето на аналитичарите, Абе не е толку наивен да очекува брзо решавање на проблемите, но е спремен да ги поттикне јапонските инвестиции во Русија, со цел неговата земја да и биде конкурентна на Кина.
“Јапонија е земја која нема пријатели во сопствениот регион. Затоа односите со Русија е крајно важни”, заклучи јапонскиот премиер.
А.Г.