Основното општинско училиште “Koчо Рацин” од Прилеп добива нов директор?!
Според она што неофицијално го дознаваме, на местото на досегашната В.Д. директорка Зорица Чадамова, доаѓа Елизабета Велеска.
Елизабета Велеска е сопруга на доскорешниот претседател на ОО СДСМ Прилеп, Сашо Велески и е вработена во училиштето.
Инаку, нејзиниот сопруг, Сашо Велески, во август минатата година по предлог на Владата беше именуван за неизвршен член на Одборот на директори на АД Македонски Телеком.
За изборот на нови директори во училиштата во Прилеп деновиве доста се зборува низ јавноста, а ова е првата информација која проструи низ прилепската чаршија.