Во средата, на сцената на народниот театар “Војдан Чернодрински”, во пресрет на големиот христијански празник Св. Климент Охридски, истоименото основно училиште од Прилеп, со богата програма, достојно го одбележа својот патрон празник.
Преку театарски и музички точки, хорски изведби, учениците заедно со дел од актерите на театарот, ги покажаа своите квалитети и таленти, пред преполната сала со публика.
На настанот присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески, на кого од страна на директорот на училиштето, Ахил Јаков, му беше доделена плакета во чест на одличната соработка.