Уште едно основно училиште во Прилеп доби нов директор
Нов директор на ООУ “Климент Охридски” е Ахил Јаков, кој доаѓа на местото на досегашниот директор Зоран Сребреноски.
Јаков раководеше со ова училиште краток период и претходно кога целосно се реновираше спортската сала, спортското игралиште, се уреди школскиот двор, ходниците, а зградата за деца со посебни потреби доби сензорна соба.