Основното општинско училиште “Кире Гаврилоски – Јане” во Прилеп е едно од училиштата во општина Прилеп каде најмногу се инвестираше, а се планираат и доста идни проекти. Десетте милиони евра вложени во образованието во Прилеп во изминатите 12 години, ги направија воспитно-образовните и условите за работа непрепознатливи. Денеска пресконференција одржа директорот на училиштето, Никола Кузески, кој ги презентираше реализираните проекти во училиштето, како и тековните и идни планирани проекти.
“Кога зборуваме за образование и воспитување различни луѓе имаат различни гледишта по однос на тоа прашање, но во едно се согласни: Сите сакаат најквалитетно образование и воспитание на младите генерации .
Ова ние вработените во нашето училиште сериозно го свативме и си поставивме цел односно визија да направиме модерно современо училиште во соработка со локалната заедница, родителите и со максимално ангажирање на наставниот кадар со примена на иновативни програми и активности да помогнеме формирање на едуцирани, исполнителни и креативни млади личности .
Всушност свесни сме дека од квалитетот на нашите воспитно-образовни услуги и родителскиот ангажман во истата насока, во многу зависи какви генерации креираме –младите генерации се нашата иднина.
[Best_Wordpress_Gallery id=”476″ gal_title=”KireGavriloskiPred”]
Вака изгледаше училиштето пред 12 години
ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ изминативе 10- тина години доживува целосна ренесанса како на инфраструктурен така и на воспитно-образовен план.
Неминовно е двете компоненти да се развиваат напоредно затоа што за квалитет потребно е континуирано надградување на воспитно-образовната работа, но и на училишната инфраструктура. Училишната зграда е телото , а наставниот кадар е душата на училиштето.
Во училиштето континуирано се вложува во професионалниот развој на наставниот кадар со цел наставниците да ги развиваат своите компетенции, да се одржи висок квалитет на наставата во согласност со современите трендови и барања на модерниот свет.
Во делот на подобрување на воспитно-образовната работа наставниот кадар во училиштето посети и активно учествуваше во многу обуки, семинари и работилници за подобрување на компетенциите и примена на активни форми и методи кои наставата ја прават поинтересна и попристапна на учениците, а стекнатите знаења и вештини се трајни и практично применливи.
Неминовно морам да истакнам дека имаме одлична соработка со Советот на родители но и воопшто со сите родители со чија помош реализираме многу манифестации во текот на годината за што им искажувам огромна благодарност.
Сите предлози ,сугестии и проблеми заедно ги решаваме.Се организираат многу заеднички манифестации (Ден на здрава храна, новогодишен панаѓур, велигденски панаѓур, патрон празник на училиштето и многу други др.) Некои од манифестациите се со продажен карактер, па собраните средства во договор со Советот на родители ги наменуваме за подобрување на фондот на наставно-образовни помагала.
Одличната соработка со родителите и Локалната заедница, сериозниот пристап и ангажман на сите имволвирани во наставно-образовниот процес неминовно дава резултати. Имаме пораст на успехот на учениците но и одлични воспитни резултати кај сите ученици. Наши ученици редовно учествуваат на општински, регионални, државни, но и на меѓународни натпревари од каде се враќаат со освоени први, втори трети места. Училиштето доби признание од Министерството за Образование и наука за најчисто и најбезбедно училиште. Сето ова е причина се поголем број родители да одлучат грижата за воспитување и образување на нивните најмили да ни ја доделат токму нас како училиште, а бројот на ученици секоја година да расте.
Но, за постигнување успеси во воспитно образовниот процес, неминовно се многу важни и условите во кои тој се одвива како и нагледните средства кои постојано се обновуваат и во кои многу се вложува со цел полесно остварување на наставните цели. Во ова континуирана поддршка имаме од Министерството за Образование и Наука, Локалната Самоуправа и Градоначалникот на Општина Прилеп г-дин Марјан Ристески.
Изминативе десетина година континуирано се вложуваше во условите за учење и работа, а од многубројните инфраструктурни подобрувања ќе истакнам најважните.
1.Реконструкција и санација на фасадата на училишната зграда и адаптација на кабинетите на наставниците–вредност 1800 000 денари.
2.Промена на вратите и прозорците на старата дограма на една половина од училиштето со нова ПВЦ дограма вредност на инвестицијата – 45 000 евра
3.Замeна на стариот под со нов ламинатен под во 6 училници –вредност 220 000 денари
4.Инсталација на превектронски гормобран на училишната зграда – вредност 260 000 денари
5.Уредување на ученички парк и амфитреатрални училници на отворено на површина од 3 декари вредност 15 000 евра –донација од Јавното комунално претпријатие во акцијата „ Избор на најчисто училиште во градот“
6.Хортикултурно уредување на преден дел од училишен двор
7.Набавени 180 ученички клупи – вредност 441 000 ден.
Ученички столчиња 360 – вредност 540 000 ден.
8.Континуирана набавка на наставно-образовни помагала вредност 900 000 денари (интерактивна табла и др)
9.Поплочување на влезно плато и изградба на пристапна рампа за инвалиди -вредност 180 000 ден
10.Промена на подови во училници на спрат со линолеумски висококвалитетен под –вредност 1 500 000 денари.
11.Санација и реконструкција на санитарни јазли на спрат –вредност 300 000 днари
12. Промена на стар кров од салонит со кров од пластифициран лим
13. Промена на внатрешни врати на училници и кабинети 35
14. промена на стара дограма со нова алуминиумска на преостанат втор дел од училиштето вредност 48 000 евра
15.Набавка на фотокопири ,компјутери и печатачи за наставен кадар
МОН достави 288 лап топ компјутери –вредност 7 776 000 денари,
588 компјутерски единици – вредност 14 700 000 денари
16.Изградба на тротоари околу спортски игралишта во училишен двор-300 000 ден
17.Естетско уредување на ентериер во училиштето скали, столбови тавани , зидови
18.Реконструкција на постојна училишна сала со нов гумиран под ,тавани и зидови
19.Комплетна реконструкција на училишна библиотека и набавка на нов инвентар и набавка на литература и лектири
20 Комплет осветлување со рефлектори на преден и заден дел на училишен двор
21.Набавка и монтажа на алармен систем и видео надзор
22. Оспособување на противпожарен излез и опремување на цела училишна зграда со апарати и средства за ППЗ
23.Комплет реновирана просторија на наставен кадар
24.Инсталиран е централен систем за греење –Парно греење во вредност од 6 800 000 денари проект и потреба очекувана од самата изградба на училиштето .
[Best_Wordpress_Gallery id=”477″ gal_title=”KireGavriloskiPotoa”]
Денешниот изглед на училиштето
Т Е К О В Н И П Р О Е К Т И
1. Обезбедена е комплетн документација за изградба на спортска сала ,се очекува поставување на камен темелник –
2.Изработен е проект за термо фасада на комплет училишната зграда
3.Изработен е проект за промена на старата електро инсталација во училниците и малтерисување на зидовите и таваните
4.Проект за асфалтирање на фудбалското и ракометното игралиште во училишниот двор,
Сите овие проекти ќе придонесат за подобрување на условите за работа и учење,за што искажуваме огромна благодарност до Локалната Самоуправа на град Прилеп, Градоначалникот г-н Марјан Ристески и Министрството за образование и наука”, истакна директорот Никола Кузески.