Во ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ во тек се градежните зафати за реконструкција на подните површини каде ќе бидат поставени три нови плочи, ќе бидат сменети скалите, вратите, молерисување на ѕидовите и комплетна промена на електричната инсталација. Оваа инвестиција чини 3.000.000 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.
При посетата градоначалникот Ристески ја потврди финансиска поддршката на локалната самоуправа за успешно реализираните три капитални проекти во ова училиште: „Реконсртукција и обнова на фасада“, „Промена на надворешна столарија“, „Изведба на систем за централно греење со котел на пелети“, набавка на нови инструменти, се со цел подобрување на условите во училиштето и подобра реализација на наставниот процес.
Директорот на музичкото училиште Игор Николоски посочи дека наставата ќе започне на 1- ви Септември:
„Наставата ќе започне редовно на 1- ви Септември, изнајмени се простории во ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Рампо Левката“ и во ЦК „Марко Цепенков“ каде учениците редовно ќе ја следат наставата“.
Ова училиште е изградено во 1923 пред точно 93 години.