Синтетичките мириси кои се во 75 отсто од парфемите, потоа миризливите свеќи, шампони, водите за после бричење и слични производи содржат канцерогени материи кои после користењето со часови остануваат во воздухот.
-Повеќето производи во продавниците и парфимериите се од синтетички хемиски состав. Лично пред неколку години во автомобилот има освежувач кој ја истопи пластиката. Секоја хемиска материја е пред се штетна за белите дробови, особено кај астматичарите. Отровната материја влегува во крвта и предизвикува бројни заболувања – објаснува онкологот Владимир Ковчин.
-Никако не е препорачливо трудниците да ги користат или да бидат во близина на оние кои користат синтетички парфеми. Тињ влегуваат во крвта, поминуваат низ плацентата, го оштетуваат ембрионот, па детето може да се роди болно или со дефект. Најопасни се мирисите кои содржат бензен – вели Ковчин.