Aнонимен играч на спортска прогноза имал голема среќа во средата, играјќи парови од вонредното коло во европските лиги.
На тикетот кој го уплатил за 600 денари, одиграл зицери за сигурна добивка, но со последниот пар погрешиле операторите во обложувалницата.
Но, грешката се покажала како полн погодок!
Се работи за дуелот помеѓу Леганес и Барселона од шестото коло во “Ла Лига”, каде се очекуваше сигурен и висок триумф на гостите, но иако на хартија Барса беше фаворит, на крајот загуби со 2:1.
Гостите на овој натпревар поведоа со голот на Кутињо во првото полувреме, но домаќините преку Ел Жар и Оскар во две минути во второто полувреме го свртија резултатот и ја забележаа првата победа оваа сезона.
Според коефициентите и уплатата, пресметајте ја добивката на овој среќен играч на спортска прогноза.