ОК на ВМРО-ДПМНЕ Kрушево со одговор до преплашениот Градоначалник

Соопштение на ОК ВМРО-ДПМНЕ Крушево, како одговор на ФБ објава на градоначалникот, Томе Христоски:

-Изјавата на градоначалникот Томe е класичен пример за политичка самобендисаност и обид за манипулација со јавноста. Наместо да одговори на реалните проблеми со кои секојдневно се соочуваат жителите на Крушево и нереализираните ветувањам тој се крие зад флоскули за „дела и проекти“ кои постојат само во неговата имагинација.

Срамно е што градоначалникот наместо да се соочи со критиките и фактите, обвинува медиуми и анкети кои не му одат во прилог. Ако неговата единствена „анкета“ се неговите сограѓани, тогаш уште побрзо ќе ја добие вистинската слика. Незадоволството е масовно и реално, а довербата е одамна изгубена.

Затоа, Крушево заслужува нова енергија, чесен и работлив човек кој ќе го врати духот на еснафското Крушево и ќе работи искрено во интерес на сите граѓани. Тоа е Нико Чонески, човекот кој ќе биде следниот градоначалник и кој заедно со своите сограѓани ќе го врати сјајот на нашиот град.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.