ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола: Мнозинството на СДС и ДУИ во Парламентот неколкукратно го зголеми данокот на имот

Законот за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот беше донесен на предлог на оваа Влада, неводејќи никаква грижа за граѓаните, а за тоа се шампиони, од парламентарното мнозинство во јуни 2021 година. Владата и мнозинството на СДС и ДУИ во Парламентот го направија тоа без никаква грижа, дека тоа ќе донесе неколкукратно зголемување на трошоците на граѓаните – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

Оваа неспособна, корумпирана и криминална Влада, не го заврши ниту процесот на дигитализација, па така општините не можат да имаат преглед во движењето и состојбата на имотот.

Општина Битола, во текот на целата измината година ги повикуваше граѓаните да ги ажурираат своите податоци.

Општина Битола континуирано е во непосредна комуникација и им излегува во пресрет на граѓаните постапува согласно законските процедури и во ниту еден момент нема да дозволи наплатата на данокот на имот да биде на штета на граѓаните.

Почитувани, еве го Законот за даноците на имот донесен со измените и дополнувањата во јуни 2021 година, а еве го и листингот кој поддржа вакви измени и дополнувања.

За несреќа, тогаш за таквиот предлог закон гласаше и единствената пратеничка од редовите на СДС од Битола, сегашната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.

Нема простор, каде што оваа власт не направи огромна штета, затоа и единственото решение се избори и заминување на оваа криминална, корумпирана, предавничка и расипничка власт. Навистина, сите граници се преминати!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.