Петнаесетина илјади граѓани се излезени на улица на протестот кој го организираше партијата ВМРО-ДПМНЕ на чело со лидерот Христијан Мицкоски.
„Живот на вересија“, „Народ трпи за леб да се полни функционерски џеб“, „Мафија на робија“ се само неколку пораки на пароли со кои што граѓаните протестираат и го изнесуваат револтот.
Oд партијата најавија дека ова е прв протecт и ќе продолжат и во иднина. ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите опозициски партии на обединување против власта на СДСМ и ДУИ.