Околу 1.500 малолетни деца стапиле во брак во Германија

Германскиот регистер за странски државјани денеска објави информации според кои 1.475 деца на странски државјани кои што живеат во Германија се во во брак.

received_10209005565407808

Според официјалниот извештај на регистерот реалниот број на деца кои се во брак е уште поголем затоа што понекогаш браковите кои се договараат меѓу родителите на малолетниците не се заверуваат пред германските институции.

Според информациите кои ги објави партијата на „Зелените“ најголем дел од овие деца се девојчиња (1.152). Меѓу нив најголем број се деца на бегалци од Блискиот Исток но многу од децата доаѓаат од земји членки на ЕУ. На листата на детски бракови во Германија води Сирија (664), по неа е Авганистан (157) а присутни се и Бугарија (65), Полска (41), Романија (33) и Грција (32).

Најголем дел од малолетните бракови се склучени меѓу 16 и 18 години старост, а има и 361 дете под 14 годишна возраст кои се легално во брак. Во Германија бракови можат да склучуваат партнери над 18 години а во некои исклучоци може да се дозволи и на лица над 16 години старост.

Дел од политичките претставници бараат забрана за малолетнички бракови без разлика на потеклото на партнерите затоа што во најголемиот дел од случаите се работи за малолетни невести кои насилно се мажат за постари партнери. Проблемот со малолетничките бракови сега ќе го решава специјална работна група во министерството за правда.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.