“Океански штит 2019”: Руската флота пристигна во Балтичкото море

На Балтичкото море започна оперативната воена вежба “Океански штит 2019”, во која учествуваат повеќе од 10.000 војници, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Како што пишува во соопштението, во вежбите учествуваат 49 бродови и борбени чамци, 20 бродови за поддршка, 58 леталици на воено-поморската флота и воздушно-космичките сили на Русија, како и повеќе од 10.000 војници.

Планирано е да се тестира подготвеноста на силите на воено-поморската флота за да ги заштити националните интереси, како и “вештините на управување на флотата”.

Oсновата на морнарската група ја сочинуваат бродови, кои учествувале на главната воено-поморска парада во Санкт Петербург.

Соопштено е дека со вежбите раководи командантот на воено-поморската флота на Русија, адмирал Николај Јевменов.

Воената вежба ќе трае до 9-ти август.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.