Во организација на иницијативата “Прилеп Култура” и општина Прилеп, втора година по ред ќе се одржи манифестацијата “Од 0 до култура”.
Музичките настани оваа година ќе започнат на 27.06 со концерт на прилепскиот бенд “Тhe Four”, а така ќе биде секој четврток до 22.08.
Како и минатата година, сите настапи ќе се одржуваат на Камената бина на плоштадот “Александрија”.
-Овој проект е замислен за елементарно музичко и културно описменување на граѓаните на Општина Прилеп, како и презентација на млади музичари од општината и Р. Македонија за нивна промоција.
Музиката е еден од најважните сегменти за развој на секоја личност, посебно на младите граѓани на нашата општина кои допрва треба да бидат активни учесници во социјалниот живот во општината.
За жал сведоци сме дека во последните години, освен со повремени исклучоци, тоа што се сервира како музика во општината најчесто во кафулињата низ градот, за жал е докажан шунд кој нема никаква музичка, а уште помалку културна вредност со која нашите граѓани би станале подобри личности за себе, и со тоа и за сите останати граѓани на општината.
Значењето на слушањето на квалитетна музика за однесувањето и за подобрувањето на психофизичкото здравје на граѓаните е докажано од реномирани когнитив бихевиорални психолози, како и клинички психијатри на врвни универзитети низ светот и мислам дека дополнително не би требало да се дебатира за значењето на истиот.
Затоа ние како општина треба да се потрудиме во најмала рака да им ги приближиме вистинските вредности на нашите граѓани.
Втора позитивна работа од овој проект што би произлегла е промоција на локални млади музичари, како и мала помош за дополнителна промоција на веќе етаблирани музичари и мала финансиска помош на истите како потик од нашата општина.
Трета работа е за одреден временски период овој настан би добил на популарност од околните градови си тоа би се развивал и локалниот туризам.
Проектот е осмислен на локални млади музичари или пак локални веќе етаблирани бендови да им даде за задача да направат програма во времетрање од 90 – 120 минути со песни од светската популарната поп и рок култура која имаат големо влијание за културна наобразба на секој човек како Beatles, The Queen, Sting, Bob Dylan, Depeche Mode, Pink Floyd, U2, R.E.M, Michael Jackson итн, итн, со тоа што би биле тематски вечери за промоција на вакви великани на музиката кои се наградувани дури и со нобелова награда да им се презентираат на помладите, односно еден дел од вечерта би била посветена исклучиво на еден музичар, односно група , а вториот дел од вечерта бендовите би свиреле авторски песни и песни од останати групи, односно музичари – велат организаторите.
Настапот на прилепскиот бенд Тhe Four ќе биде посветен на музичката група “Меморија” и Kaролина Гочева.