Еден од најистакнатите советници на СДСМ во Советот на општина Прилеп, Александар Ѓорѓиоски, на денешната седница се обиде да го дискредитира назначувањето на одделенскиот наставник Гоце Бумбароски за Советник за млади на градоначалникот Борче Јовчески.
Се чини дека СДСМ во Прилеп е со кратко помнење и забораваат како и на кој начин се вработуваа и ангажираа кадри само до пред 5-6 месеци.
Одлуката за ангажирање на Бумбароски наиде на големо одобрување и поддршка од јавноста, па токму затоа денешната дискусија на Ѓорѓиоски е оквалификувана како евтин популизам.