Од четврток до недела – четири дена ракометно уживање во Прилеп! Стартува 10-то јубилејно издание на Меморијалниот турнир “Миле Нешкоски”

Од 21 до 24 август во Прилеп ќе се одржи десеттото јубилејно издание на Меѓународниот меморијален ракометен турнир, кој се одржува во чест на прилепската ракометна легенда, Миле Нешкоски.

Организаторите денеска на прес конференција ги соопштија деталите за турнирот и распоредот на натпреварите. Како и секоја година, така и оваа, на турнирот покрај домаќинот Прилеп, ќе играат уште пет екипи од Македонија и странство, а оваа година во градот под Марковите Кули доаѓа екипата на белградска Црвена Ѕвезда.

Групите се следни:

Група 1:

РК Прилеп
РК Бутел
РК Тиквеш

Група 2:

РК Црвена Ѕвезда
РК Пролет
РК Еурофарм Пелистер 2

Покровители на турнирот се: Општина Прилеп, компаниите “Кули” и “Комфи Ангел”, кафемати “Булевар” и Министерството за спорт.

Распоредот на натпреварите ќе биде следен:

21.08.2025
15:30 часот положување на цвеќе пред споменикот на Миле Нешкоски
18:00 Пролет – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Бутел Скопје

22.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Еурофарм Пелистер 2
20:00 Прилеп – Тиквеш

23.08.2025
18:00 Црвена Звезда – Пролет
20:00 Тиквеш – Бутел Скопје

24.08.2025
15:00 натпревар за 5 место
17:00 натпревар за 3 место
19:00 финале
20:30 доделување награди и свечено затворање на турнирот

Новина е тоа што организаторите оваа година во соработка со Министерството за спорт, обезбедија професионална подлога на која ќе се играат натпреварите, што ќе обезбеди значително подобри услови за игра.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.