Од фирма во Прилеп украден метален сеф

krazba2

Од фирма во Прилеп украден е метален сеф со девизи, денари, накит, патни исправи, пиштол и друго.

Тешката кражба во прилепската полиција ја пријавил С.С.(48) од Прилеп, сопственик на ДООЕЛ „Виком Инжинеринг“.

По извршениот увид во објектот било утврдено дека непознат сторител со прекачување на фасадното скеле влегол на вториот кат и од канцеларијата одзел метален сеф во кој имало евра и австралиски долари во вредност од 600.000 денари, златен накит во вредност од 600.000 денари, четири патни исправи, еден пиштил марка „Црвена Застава“ калибар 9 мм, 100 парчиња муниција и 8.000 денари кои се наоѓале во фиоката од канцелариското биро.

Направена е материјална штета од 1.240.000 денари. За настанот е известено Јавното обвинителство и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.