Во последниве месеци, светот е сведок на дејствијата на Северна Кореја, која направи серија тестирања со атомско оружје. За државата се знае малку и повеќето луѓе ја поврзуваат главно со ликот на нејзиниот врховен лидер Ким Џонг Ун, пишува money.bg
Но, малку луѓе знаат дека како дете тој учел во Швајцарија, и дека е луд фан на кошарката. Бизнис инсајдер објави неколку од неговите најинтригантски нешта околу неговиот живот.
1.Кин Џонг Ун е роден на 8 јануари, но која година всушност точно не е јасно. Се спори дали е тоа 1982, 1983 или 1984 година. Негов татко е претходниот диктатор на Северна Кореја, Кин Џонг Ил. Тој има постар брат и помлада сестра.
2.Како дете тој учел во Швајцарија. Се смета дека Ким учел во меѓународно училиште во близина на швајцарскиот град Берн. На соучениците таму тој им се претставувал како син на вработен во амбасадата на Северна Кореја под името Пак Ун.
3.Севернокорејскиот лидер е луд по кошарка. Негов идол е Мајкл Џордан и неговата соба во Швајцарија била излепена со негови постери. Покрај тоа, Ким има голема колекција на патики Најк.
4.Тој учел на Воениот универзитет Ким Ил Сен. Заедно со него бил и неговиот постар брат.
5. Постои песна посветена нему. Станува прашање за пропагандна песна насловена „Чекори“. Текстот ги повикува луѓето во земјата да ги следат „чекорите на нашиот адмирал Ким“.
6. По смртта на татко му, тој станува „врховен водач“ на Северна Кореја. Тоа се случи на 17 декември 2011 година, кога тој стана врховен командант на четвртата по големина армија на светот. Тогаш Ким имаше 30 години.
7. Женет е за поранешна пејачка и мажоретка, Ри Сол Џу. Се смета дека двајцата склучиле брак во 2009 и дека од тогаш имаат дете. Според други тврдења, Ри родила ќерка во 2012, и уште едно дете во 2015 година.
8. Ким Џонг Ун следи еден свој детски сон, поврзан со Сакан тим. Станува збор за Чикаго булс, и за нивната ѕвезда Денис Родман, кој беше во посета на Северна Кореја на покана на Ким.