Од утре почнуваат богородичните пости- еве што треба, а што не треба да правиме

Богородичните пости секоја година започнуваат на 14 август (св. 7 мч-ци Макавеи) и траат до 28 август (Успение на Пресвета Богородица). По својата временска должина тоа е најкраткиот од четирите годишни пости и трае 15 дена.

 

presveta-bogorodica-640x294

Овој пост е востановен во чест на Преображението Господово и Успението на Пресвета Богородица и се пости: во понеделник, вторник, среда, четврток и петок се пости без зејтин, во сабота и недела се пости со зејтин, а на празникот Преображение се јаде и риба.

До празникот Преображение, пред да започне постот и за време на посните денови не се јаде грозје и смокви. Од празникот Преображение, кога и се благословува овошјето веќе е дозволено да се јаде и грозје и смокви.

Ова е што се однесува за телесниот пост, но никако не смееме да го заборавиме и духовниот пост. Да се молиме, посебно на Пресветата Богородица за време на овој пост, читајќи го Нејзиниот канон, да вршиме добри дела и задолжително да се исповедаме за да можеме што поочистени да ги примиме Светите Христови Тајни.

Дните на Богородични пост да ни минат во чистота на срцето, добромислие и доброделие!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.