Од утре олабавување на мерките – први ќе отворат моловите, но без угостителските објекти, обложувалниците, автошколите…

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција најави пакет за олеснување на мерките во поединечни области, бидејќи Светската здравствена организација вели оти во следниот период ќе се намали интензитетот на виpycoт.

-Одиме многу внимателно и постепено ќе се намалуваат рестрикциите во новата реалност. Меѓу секоја фаза ќе следи проценка на целата ситуација и одново одлука за тоа дали треба да се намалат мерките во следната фаза, рече Спасовски.

Клучно за намалување на мерките ќе бидат бројот на новозаразени, капацитетот на здравствениот систем и системот за следење на работата на здравството.

-Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во услови на пандемија и ограничувањето на движење на граѓаните, рече Спасовски, додавајќи дека втората фаза е меѓу фаза која ќе биде иницијална за третата, која пак, би значела враќање на животот во нормала.

Од утре ќе се применуваат нови протоки за работа на дејности кои имаат помал ризик, односно центри за рехабилитација, центри за обуки, автошколи, автоиспитни центри, спортски тренинзи на отворено, шалтерско работење на обложувалниците и шопинг моловите без угостителски објекти. Ќе бидат пропишани посебни протоколи за работа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.