За учениците утре е последниот училишен ден во првото полугодие од 2016/2017 година. Окoлу 270.000 ученици, oд кoи 188.000 oснoвци и 80.000 среднoшкoлци, ќе бидат на зимски распуст и во клупите ќе се вратат на 18 јануари 2017.
Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат во Министерството за образование и наука.