Од утре започнува Богородичниот пост: Најкраток, но нajcтpoг – еве што се’ треба да знаете

Овој посен период му претходи на Успението на пресвета Богородица, најголемиот богородичен празник од православниот календар.

Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките.

Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Утре почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.

Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.
Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.

Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се мрси, туку се јаде риба, вино и зејтин.

Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот.

Богородичниот пост е строг пост. Можеби, тоа се објаснува со љубовта и посебната почит, со која ние, православните, се однесуваме кон Пресвета Богородица, во Чијашто чест постиме. И така, доколку можеме, постиме во сите денови без масло.

Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би и се молеле.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.