Од утре влез во кафана само со примени две дози: Филипче најавува и нови мерки

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре 15 ноември 2021 година за влез во објекти, е потребно: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вakцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болecт KOBИД-19 или – сертификат/потврда за прележан KOBИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вakцинирани , што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме виpycoт.

Во текот на следната недела ќе дискутираме и за други евентуални дополнителни рестриктивни мерки, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, овие мерки пред се би се однесувале на невakцинираните граѓани, имајќи предвид дека најголем товар во болничкиот систем доаѓа од нив.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.