Од “Тила” упатија благодарност до пријателите: “Сопственикот на Матадор лично се бореше да се изгасне огнот, пожapникарите спречија поголем пустош…”

БЕЗ ПОМОШТА НА НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ, ПОЖАРОТ ВО ТИЛА МОЖЕШЕ ДА НАПРАВИ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПУСТОШ!

И покрај тоа што не успеавме да спасиме ништо од вториот кат на зградата на Тила, мораме да изразиме ГОЛЕМА благодарност до нашите пријатели кои дојдоа со 2 кранови за да им помогнат на пожарникарите да пристапат до опожарените места! Без нив, пристапот и обидот да се изгасне пожарот ќе беше невозможен! Затоа од се срце им се заблагодаруваме на нив што спречија многу поголема катастрофа!

Голема благодарност и до сопственикот на нашиот прв сосед и голем пријател “МАТАДОР”, кој лично се бореше со часови да се изгасне огнот.

Голема благодарност и до инспекторот Јован кој се обидуваше со часови да помогне во координација на пожарникарите!

Голема благодарност до јавното претпријатие Водовод и канализација од Прилеп, кој со своите цистерни ги дополнуваше со вода противпожарните возила.

Огромна благодарност и до најхрабрите пожарникари кои и покрај немањето соодветна опрема се бореа лице в лице со огнот и дадоа се од себе да го спречат да не направи уште поголем пустош!

Голема благодарност и до нашите роднини и пријатели кои беа со нас во тие мигови и се тука за нас во секое време да помогнат и дадат поддршка.

Голема благодарност и до нашите први соседи и пријатели од МЕДКОН кои се наша голема поткрепа.

Огромна благодарност до нашиот сосед игротека Моја бајка кој ни јави за пожарот.

Голема благодарност за сѐ до Гоце и Боби Мартекс.

На крај огромна благодарност до колегите конфекционери како и други фирми кои се понудија да помогнат за што побргу да го воспоставиме нашето производство.

ПОРАКА ДО ГРАДОТ И ДРЖАВАТА и до сите: Овој голем пожар не беше само една претстава со почеток и крај, овој пожар нека биде една лекција од која ќе научат нешто,а тоа е дека мора да се вложува во обука и противпожарна опрема. Зошто инаку ние би инвестирале во нашата држава доколку не се чуствуваме сигурни во неа?!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.