Од срце за сите кои се во неволја: Бозоски и “Просперо” со донација за обновување на домот од семејството Јованоски

Компанијата “Просперо” чиј сопственик е советникот во Советот на општина Прилеп и заменик градоначалник, Диме Бозоски, секогаш им излегуваат во пресрет на луѓето во неволја.

Бозоски во моментов е единствениот советник во Советот кој се откажува од својот хонорар, а парите ги донира онаму каде е најпотребно.

Пред извесно време пламените јазици за неколку минути го однесоа покривот над главата на семејството Јованоски од Прилеп, а Бозоски уште еднаш ја покажа својата хуманост, со цел побрзо враќање на семејната хармонија на ова семејство.

Нека неговиот потег биде пример за останатите директори, функционери, бизнис секторот…. Ајде сите заедно да ја вратиме радоста во ова семејство.

Жиро с-ка за донации: 210501665741861 НЛБ Тутунска Банка




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.