Не е потребен посебен коментар! За срамота сме сите и тие кои си прават излет, а богами и властите кои одамна не го посетиле излетничкото место кај Расимбегов мост на Црна река.
Кога веќе гледате дека контејнерот е полн до врв, па нема ниту возилото да ви се изеде доколку отпадоците ги земете со вас.
Го уништуваме она што е највредно и со кое Господ не дарувал. Ја уништуваме мајката природа без око да ни трепне за последиците…