Од рубриката верувале, или не: Заев најави 1250 км патишта

-За една економија да се развива и расте, потребни се и сериозни инвестиции во инфраструктурата за подобро и поефикасно поврзување внатре и надвор.

Во новиот мандат градиме експресни патишта во должина од 300 километри и локални патишта во должина од 950 километри и продолжуваме со сериозни инвестиции во гасификација, порача претседателот на СДСМ, на денешната прес-конференција во Штип, на која беше презентирана Програма на Коалицијата „Можеме.

Заев најави инвестиции во патната инфраструктура, за уште подобро да бидат поврзани граѓаните од целата држава. Источниот регион, рече Заев, е пример како може да се инвестира и развива.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.