Од први јануари нови повисоки цени за полагање за возачка дозвола

Автошколите дадоа известување дека обуката за возачка дозвола поскапува. Тие со образложение соопштија дека покачувањето на цената е донесена од интерес, туку со цел да се покријат трошоците што ги имаат автошколите.

Цената за обука за возачка дозвола за автомобил, Б-категорија, во Скопје, од 1 јануари 2022 година ќе се покачи на 24.500 денари. Ваквата одлука ја донеле 30-ина скопски автошколи на состанокот кој го имале неодамна. Сегашната минимална цена за обука за возачка дозвола изнесува 19.300 денари.

Дел од автошколите се изјасниле и дека во другите градови ова поскапување се случило уште пред некое време и дека истото некаде достигнало цена и до 25.000 денари.

Со секоја уплата до 31.12.2021 година обуката за возачкиот испит се наплаќа како и досега, со можност за користење на услугите и во 2022 година, а веќе од 1-ви јануари стапува на сила новиот договор во однос на цената. Повеќе информации за новитетите и условите може да добиете на контакт број: 072 228 195




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.