Од полноќ нови цени на гopивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 81,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 83,5, а ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 76,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува и останува 75 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,786 денари за килограм и ќе изнесува 42,197 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,388 отсто, кај дизелот за 0,749 и кај екстра лесното масло за 0,883 отсто, додека кај мазутот има зголемувања за 1,191 отсто. Курсот, пак, на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,944 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.