Регулаторната комисија за енергетика денеска околу пладне треба да ги определи највисоките цени на нафтените деривати кои ќе почнат да важат од полноќ.
Според движењето на цените на светските берзи некои поголеми промени не треба да се очекуваат.
Пред 2 недели просечната цена на суровата нафта на берзата во Лондон изнесувала 54,6 долари за барел. Во моментов барел нафта е за околу 1 долар поскап од просечната цена што значи дека можно е да се очекува мало поскапување на дизелот иако не треба да биде изненадување доколку цените не се променат.
Пред две недели, бензините останаа по стара цена а дизелот поевтини за половина денар.
Во моментов ЕУРОСУПЕР БС 95 се продава за 66,5 денари по литар а 98 октанскиот за 68,5 денари за еден литар.
ЕУРОДИЗЕЛ-от чини 52,5 денари за еден литар.