Од полноќ зголемување на цената на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34 проценти во однос на одлуката од 9.1.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,918%, кај дизелот за 3,712%, кај екстра лесното масло за 4,303% и кај мазутот за 1,552%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,785%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,176 ден/кг и сега ќе изнесува 39,459 ден/кг.

Од 17.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 81,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 39,459 (денари/килограм).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.