Од ноќеска нови повиcoки цени на бензините

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,55 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 66 денари, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 68 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) останува 56, а на Екстра лесно масло за домаќинств (ЕЛ-1) 45 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,446 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,843 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени во изминатите седум дена на светските берзи кај бензинот во просек за 1,397 отсто и намалените кај дизелот за 0,124 отсто, како и за 0,832 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.