Нема напредок на релација Влада – кабелски оператори – национални телевизии. Останува во игра најавата дека почнувајќи од 21 јуни, односно од недела, па во сите наредни денови, операторите ќе ги исклучуваат сите телевизии што ги реемитуваат, и домашни и странски, освен трите канали на јавниот сервис, МТВ1, МТВ2 и МТВ3.
Како што објави Фактор, кабелските оператори испратиле допис дека се принудени да почнат со времени прекини во реемитувањето до техничкиот премиер Оливер Спасовски, до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, до шефот на државата Стево Пендаровски, до спикерот Талат Џафери, до директорот на АВМУ Зоран Трајчевски, до директорот на АЕК Сашо Димитријоски, како и до странските амбасади Кејт Мари Брнз, Самуел Жбогар, Томас Герберих и Георг Вуцас .
Принудени сме да започнеме со времени прекини во реемитувањето на телевизиските програми во знак на протест поради неодржливоста на сегашната правна рамка и наметнатите неуставни обврски. За време на прекините на екранот ќе ја испишеме причината за ова, со цел да ги запознаеме нашите корисници и општата јавност со она што ги очекува на почетокот на август оваа година како резултат на донесената Уредба, стои во писмото на опараторите.
Целиот текст прочитајте го ТУКА