Од него се плашат и чуварите во затворот: Балканскиот МЕВОСЕК скоро ќе излезе од затвор

Горан Котаран, “монструмот од Дубица”, не контактира со “колегите” од затворот Фоча, а чуварите имаат наредба да пукаат во него. Сите му се плашат – затворениците, чуварите, луѓето кои доаѓаат на посета…

Goran-Kotaran-620x350

Горан Котаран, серискиот убиец од Дубица, Босна и Херцеговина, во 2006 година е осуден на 16 години затвор, а казната ја издржува во КПЗ Фоча. Тој е вистинска опасност за својата околина.

Сите му се плашат- останатите затвореници, чуварите, дури и луѓето кои доаѓаат на посета.

-Тој е затвореник на кого чуварите посебно внимаваат. Сам е во ќелијата, а поради безбедност на останатите затвореници и околните ќелии се празни. Речиси половина ходник е изолиран поради него. “Монструмот од Дубица”, како што го викаат, ретко контактира со останатите затвореници, а чуварите кои го чуваат се максимално внимателни и подготвени се на се’. Имаат наредба да пукаат во него доколку се обиде да направи нешто. Затворениците зборуваат дека убиствата за кои е осуден се само еден дел од она што го има направено. Покрај споменатиот надимак, некои затвореници го нарекуваат Ханибал Лектор.

Таткото на Горан, Душан Котаран, своевремено е познат како еден од дубничките шефови на подземјето, а за неговото име се поврзува и трговија со бело робје. Постои сомнеж дека поради тоа е убиен во декември 1999 година во кафана во Дубница, а на неговото убиство присуствувал и неговиот син Горан.

По смртта на татко му, Горан заминал во Шведска кај својата мајка. Таму извршил две убиства, а по психијатриските прегледи е депортиран во БиХ со дијагноза на ментално болна личност.

Untitled-2-copy

-Очекував повраќањето во БиХ дека ќе ме спроведат на лечење во психијатриска болница, но полицаецот ме однесе дома и никој повеќе не се појави – изјавил Котаран.

Но бидеќи не бил хоспитализиран, за неговата состојба и однесување сведочела баба му. Таа навела дека по враќањето нејзиниот внук ширел страв низ целото место.

– Не сакаше да оди во болница, па морав да го служам, дури и кога имав тешка опреација. Често го менуваше расположението и ми беше страв. На луѓето од соседството им забрани да доаѓаат. Мене постојано ми викаше, а го искрши и телевизорот и телефонот. Не се плашеше од ништо – изјавила неговата баба по апсењето на Горан.

Во јуни 2006 година, Горан заедно со неговите полубраќа Мирослав Глигиќ (30) и Борислав Дабиќ (24), е уапсен поради сомневање дека ги убил Предраг Врбан (31) и Сеад Канурица. За да се уапси оваа тројка потребна била цела чета од полицајци.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.