Од најмали до најголеми! Над 300 учесници на велосипедската тура “Сава Мариово тур 2023” во Прилеп (ФОТО)

Со низа спортски настани, во Прилеп вчера започна чествувањето на Денот на народното востание – 11-ти Октомври. Под покровителство на Општина Прилеп, се одржа и традиционалната, велосипедска трка “Сава Мариово тур 2023”.

Tурата имаше два сегменти, натпреварувачки и рекреативен, а за најдобрите беа предвидени награди.

Натпреварувачката тура беше во должина од 72 км, а истата стартуваше од пред Камената бина, па преку кружниот тек “Прилепски бранители”, велосипедистите се упатија по стариот пат за Битола и кон Мариово до Расимбегов мост на Црна Река.

Рекреативците пак возеа до селото Штавица и назад, или вкупно 26км.

Исто така учество на овој спортски настан зедоја и голем број дечиња, а за сите нив имаше обезбедено дипломи.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.