Од локален херој до национална гордост: Фани Јованоска ги брани македонските бои на Меѓународен турнир во Шведска

10-годишната Фани Јованоска од Крушево е дел од Македонската репрезентација и во моментов ги брани македонските бои на силен Меѓународен пинг-понг турнир во Шведска.

Фани веќе освои едно прво место на турнирот кој ќе трае уште два дена.

Фани започнала да тренира пинг-понг на 7 годишна возраст, а тренерите веднаш го забележале нејзиниот талент. Набргу таа започнала да игра за Македонската репрезентација. Со поддршка на претседателот на федерацијата Горан Тиловски и потпретседателот Златко Рикалоски, кои не се штедат во ангажирањето околу неа, Фани стигнува до Шведска.

Посветеноста, желбата и талентот ја вивнаа до спортските височини, а за тоа голема заслуга има и тренерот Зоран Јованоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.