Од лименки за пиво направил апарат кој му ја грее цела куќа

Screenshot_1-78

Дарко Миличевиќ (39) од Србија, од лименки за пиво направил соларен панел кој температурата на воздухот од -5 ја загрева на +52. Панелот е мал бидеќи е во прашање експеримент, па нема доволно сила потполно да загрее голема соба, но Миличевиќ тврди дека функционира.

” Минатата зима истражував на интернет за алтернативни начини на загревање. Најдов многу различни идеи, а оваа ми привлече најмногу внимание бидеќи е едноставна. Купив боја, силикон, стиропор.. Пред зимата плочата ја монтирав на јужниот ѕид на куќата бидеќи тука сончевите зраци се најсилни”, вели Миличевиќ.

“Системот за греење со помош на конзерви функционира така што ладниот воздух влегува низ отворот на панелот, а во добро изолиран систем сончевите зраци го загреваат во лименките. Воздухот природно се движи најмногу и влегува во куќата преку отвор во ѕидот”, објаснува професорот по математика и информатика Дарко Миличевиќ од Парачин, кој направил соларен панел од лименки за пиво.

“Започнав така што направив рам од иверица со димензии метар на метар. Него го изолирав со стиропор од 3 центиметри. Сето тоа го заштитив со црна фолија и направив лежиште за лименките кои ги обоив црно. Така повеќе ја впиваат топлината. Панелот има по 11 лименки во 4 реда, вкупно 44. Воопшто не е скапо да се направи”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.