Од Крушево до Нова Градишка на велосипед во чест на ТОШЕ! Стефан Житошански вози 900км за 5 дена! (ФОТО)

Во чест и спомен на нашиот никогаш непреболен ангел, Tоше Проески, Стефан Житошански, започна велосипедска тура од Крушево до Нова Градишка и веќе помина две етапи. Целта му е турата од 900км да ја помине за 5 дена.

Во првиот ден Стефан возеше од Крушево до Куманово, а веќе наредниот ден стигна до Лесковац.

За својот подвиг Стефан преку неговиот ФБ профил се заблагодари на македонскиот бренд, ВИТАМИНКА, како и на останатите спонзори и помагачи со чија помош ја реализира турата.

Да му посакаме безбедно пристигнување во Нова Градишка и барем со едно споделување на социјалните мрежи, да го поддржиме овој негов храбар потег!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.