Од каков маж треба да бегате, а кој ќе ве сака до крајот на животот?

8-12-660x300

Хороскоп кој ќе им се најде на сите жени кои се во потрага по љубов или се двоумат дали врската која моментално ја имаат е онаа вистинската.

Конечно одговор на најголемата љубовна дилема – дали да бегате од него или да останете до крајот на животот?

Еве кој маж е за првото, а кој за второто:

Жена Овен

Вие во љубовта: За вас љубовта е страст и возбуда. Сакате да флертувате и лесно ја освојувате целта. Откако еднаш ќе го освоите мажот кој го сакате, подготвени сте на се за да го задржите.

Проблеми во љубовта: Премногу се потпирате на инстинктите и одите со глава низ ѕид, наместо да направите пауза за анализирање. Обично жалите за својата импулсивност.

Сродна душа: Младите ловци како што се Стрелецот и Лавот се најдобар „плен“.

Не е за вас: Сентименталниот Рак може да ви ги раздвижи емоциите, но бара премногу.

Жена Бик

Вие во љубовта: Еден од најромантичните знаци кои сонуваат за совршен принц кој ќе ги држи за рака и ќе ги опсипува со подароци. За возврат, ќе ви биде задоволство да го разгалите. Не играте игри и не сакате мажи кои си играат со емоциите. Трпението и одлучноста ви се најдобри сојузници.

Проблеми во љубовта: Понекогаш сте многу резервирани кога треба да го подарите срцето некому. Ослободете се од стравовите за љубовта да може да започне.

Сродна душа: Машките Риби се привлечни за вашите емоции, но силните Скорпии прават срцето да ви заигра.

Не е за вас: Од зборувањето нема ништо корисно, а тоа е се што Близнаците можат да ви понудат ако се решите на љубовна врска со нив.

Жена Близнаци

Вие во љубовта: Мајстори во флерт, но не сакате никого да повредите. Сите го обожаваат начинот на кој се кикотите и си играте со косата. Но, и вие уживате додека ги играте овие игри и флертувате, барем додека не најдете маж покрај кој ќе сакате да се смирите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е простор и мажот кој се лепи за вас како пијавица нема шанси. Не сакате љубоморни момци, ниту оние кои се трудат да ве смират.

Сродна душа: Ве привлекуваат самостојните Водолии, но идеални за вас се Стрелците кои ќе го одржат вашиот авантуристички дух.

Не е за вас: Можеби физички ќе ве маѓепса некој Јарец, но тој едноставно не знае да се снајде со вашата независност.

Жена Рак

Вие во љубовта: Потребен ви е маж кој ќе знае да се мази како и вие, но во исто време ќе ги почитува вашите старомодни мислења. Важно ви е семејството да го сака вашиот партнер. За идеален состанок ја сметате вечерта помината дома, гледајќи филмови.

Проблеми во љубовта: Емоциите за вас се сè на светот, па ако случајно некој ве повреди се затворате во својот оклоп и патите во тишина, со големи количини чоколадо.

Сродна душа: Нежната страна на Девицата излегува на површина кога сте заедно.

Не е за вас: Мажот во знакот на Водолија ќе ве задржи заинтересирани, но ќе ви даде многу помалку отколку што очекувате.

Жена Лав

Вие во љубовта: Како Лавица, сакате да сте главни на поле љубов. Момците по малку се плашат од вашата самодоверба и независност додека не ве запознаат. Длабоко во душата сте дива мачка која сепак сака да има само еден маж до крајот на животот. Предани сте и тоа го очекувате за возврат.

Проблеми во љубовта: Понекогаш вашата гордост ви ја попречува љубовта затоа што тешко признавате каде сте згрешиле.

Сродна душа: Близнаците и Стрелците ви гаратираат возбудлива врска, но покрај Ракот се чувствувате најсигурно и сакано.

Не е за вас: Тргнете се подалеку од Девиците кои се ужасни критичари и ја плашат вашата самодоверба.

Жена Девица

Вие во љубовта: Љубовта за вас е приватна работа и не сакате да зборувате на таа тема. Вашиот љубовен стил е да оставите се под знак прашалник, попрво отколку да го направите првиот чекор. Мора тој да ви се доближи за да се отворите и да го импресионирате.

Проблеми во љубовта: Склони сте на брзо откачување, после само еден разговор. И понатаму би биле пријатели со бившите, но ако не размислуваат зрело како и вие, лесно одат во заборав.

Сродна душа: Ви одговара сензибилитетот на Јарците.

Не е за вас: Ве одбиваат луѓе кои се мајстори за драма. Пример – Лавови.

Жена Вага

Вие во љубовта: Вашите магични моќи ви дозволуваат да бидете со маж каков што ќе посакате и истиот ќе го натерате за секунда да се заљуби во вас. Но, тоа не значи дека не сте пребирливи, напротив. Момчето мора да изгледа добро и да знае да се облекува.

Проблеми во љубовта: Понекогаш премногу сте заљубени во самата љубов, без да ја сакате личноста која е покрај вас. Тоа е резултат на тоа што сте роден идеалист и го гледате само она што сакате да го видите.

Сродна душа: Ракот ќе ве обожава како ниту еден друг маж.

Не е за вас: Одолејте им на Овенот и на Водолијата затоа што не размислуваат толку романтично како вие.

Жена Скорпија

Вие во љубовта: Не се плашите да се борите за љубов. Штом фрлите око на некој, инстинктивно знаете што треба да правите за да го добиете. Сакате кога конците се во ваши раце. Емоциите ги држите заклучени додека не се осигурате дека може да му верувате. Потоа нема поинтензивна љубов од вашата.

Проблеми во љубовта: Вашата љубомора се гледа од километри. Ако и се предадете се претворате во чудовиште, затоа обидете се да ја чувате заклучена некаде подалеку од вашиот партнер.

Сродна душа: Слободно предајте им се на Рибите и Раковите.

Не е за вас: Потребно ви е многу поголемо внимание отколку што Стрелецот има да ви понуди.

Жена Стрелец

Вие во љубовта: Опуштени сте на тема љубов, па немате потреба од драми и заморувања. Сакате типови на мажи кои знаат како добро да се забавуваат, имаат авантуристички дух и се спонтани. Потребно е и да ви ги почитуваат мислењата такви какви што се. Длабоко во срцето копнеете по патувања, па често ве привлекуваат мажи со егзотичен изглед.

Проблеми во љубовта: Вашето срце без проблем оди од еден на друг маж, заради што може да стекнете лоша репутација. Во суштина, може да ви се верува, но момците се несигурни затоа што сте претерано искрени и кажувате се што мислите без цензура.

Сродна душа: Најдобро е да бирате мажи со слободен дух како Водолија или Близнаци.

Не е за вас: Мажите родени во знакот на Рак се премногу чувствителни и приземни за вас.

Жена Јарец

Вие во љубовта: За вас љубовта е сериозна работа. Нема шанса да го доведете вашето срце во опасност, освен ако не сте сигурни дека чувствата ви се возвратени. Сакате да ја испитувате околината, а потоа полека да запловите во врска. Во вашите романтични приказни голема улога имаат информациите и мислењата од пријателите.

Проблеми во љубовта: Кога еднаш ќе воспоставите љубовна врска, вие сте за долги патеки. Со вас раскинувањето е речиси невозможно заради вашата одлучност врската да успее.

Сродна душа: Бикот и Девицата ве разбираат подобро од било кој.

Не е за вас: Вашата внимателна природа ги одбива жестоките Лавови и Овни.

Жена Водолија

Вие во љубовта: Независни сте, па најголемата грешка која партнерот може да ја направи е да ја загрози вашата слобода. Не сакате љубовта да управува со вашиот живот. Во петок сакате да бидете со него, но затоа во сабота сакате да се журкате со пријателите. Ако тоа не му одговара, кажувате збогум.

Проблеми во љубовта: Внимавајте да не ги одбивате мажите премногу често, затоа што ретко кој повеќепати би се борел за нешто што нема цел.

Сродна душа: Момчето родено во знакот на Девица е добар избор затоа што и тој си ја сака слободата.

Не е за вас: Лавот кој сака да го обожавате не е добар избор, иако меѓу вас постои неверојатна хемија.

Жена Риби

Вие во љубовта: Вие сте романтичар кој целосно верува во сродни души. Всушност, подготвени сте да ја превртите земјата за да ја пронајдете вашата. Откако ќе ја најдете, ќе направите се за да ја сочувате, дури и по цена неговите потреби да дојдат пред вашите.

Проблеми во љубовта: Потребен ви е емотивен дечко кој ќе ги разбере вашите емоции. Ако не е на исра бранова должина како вас, се затворате и врската почнува да тоне во неразбирање и незадоволство.

Сродна душа: Ракот може да ви ги возврати емоциите кои ги имате подобро од било кој знак.

Не е за вас: Егоцентричниот Овен ужива во вашето внимание, но го искористува вашето срце.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.