Од извор до чешма: Учениците одблиску го запознаа патот на водата во битолски Водовод (ФОТО)

Овој месец се одбележува празникот посветен на водите, по тој повод, денес во ЈКП Водовод Битола беше реализирана едукативна презентација за значењето на водата и нејзината улога во секојдневниот живот.

Учениците имаа можност да се запознаат со процесот на водоснабдување – од зафатот на сирова вода до дистрибуција, начинот на обработка и прочистување на водата. Исто така, тие имаа можност да видат како се врши испитување на квалитетот на водата преку соодветни анализи.

-Со оваа активност сакаме да придонесеме кон поголема свесност за заштита и рационално користење на водните ресурси, бидејќи водата е непроценливо богатство кое треба одговорно да го чуваме и користиме секојдневно, велат од битолски Водовод.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.