Комплексот Св. Наум за прв пат во својата историја добива самостојна метео станица и камера во живо. Со Благослов од отецот Нектариј во Св. Наум од денеска официјално започнува со работа овој систем кој ќе биде достапен на веб страната од Куба Либре www.cubalibre.mk и YouTube.
Секој заинтересиран за временската состојба и моментална глетка во Св. Наум ќе може во секое време да се информира.
Системот го изработува Стојан Стојановски кој најави дека ова е само почеток на тоа што е во план како дел од туристички инфо портал “Охрид Инфо”.