Од денеска за 1 час паркинг во строгиот центар на Охрид ќе се плаќа 100 денари

Јавното претпријатие „Билјанини извори“ што стопанисува со градскиот паркинг во Охрид од денеска започна со наплата за паркирање возила во градот согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг просторот во летниот период (1 јуни – 31 август).

Според одлуката цените за паркирање на јавните паркиралишта за 3-те степени на ограничување (3 зони на паркирање) на подрачјето на Општина Охрид за еден час паркирање ќе изнесуваат: 40 денари за зоната А, 30 денари за зоната Б и сто денари по час во премиум-зоната во строгиот центар на градот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.