Од денеска во Македонија започнува со работа најскапата патарина

Од денеска, со почеток во 7 часот ќе започне со работа наплатна станица Гевгелија, соопшти вечерва АМСМ.

На патарината кај Смоквица ќе има 10 наплатни рампи, пет кон Гевгелија и соседна Грција и исто толку кон Скопје.

Ставањето во функција на ова патарина се случува откако ЈП „Државни патишта“ го изгради споредниот пат до Гевгелија за жителите од околните села.

Од денеска се очекува на патарината „Смоквица“ да се наплаќа по 100 денари за патничко возило, што значи дека ова ќе биде најскапата патарина во Македонија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.