Поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески потсети на фабриката за селекција на отпад која требаше да се изгради во депонијата Алинци кај Прилеп
-Она што требаше да го има Прилеп го доби Риека – најдобрата фабрика за селекција на отпад! Она што не и чинеше на претходнта ЛС-резултат на нејзината огромна неспособност, а го започнвме како проект, го реализира Риека и ја доби најдобрата фабрика за селекција на отпад во Европа.
Истиот проект “Copy paste” од Прилеп и истата фабрика за производство на машини за селекција на отпад “ТЕХНИКС” од Хрватска, од каде е набавена линијата и за Прилеп.
Визија на тогашната ЛС и ЈКП “Комуналец”-Прилеп беше Прилеп да биде лидер во селекција и преработка на отпад во регионот, а денес недозавршената хала и линиска опрема стојат како еден потсетник и спомен на едно убаво време кога Прилеп стана единствен град… и сèуште е, во примарна селекција на отпад и започна фабрика за секундарна селекција и преработка на отпад!
Се надевам сегашната Локална власт во блиска иднина ќе го продолжи овој проект и со тоа ќе обезбеди покрај селекција и преработка на отпадот, како и заштита на животната средина…нови работни места и профит за Јавното комунално претпријатие! – напиша Ристески.