Двете билки кои се користат за овој мевлем се многу, многу лековити, а заедно кантарионот и ајдучката трева имаат уште поголем ефект.
Рецептот е од Бога даден и го добивате кога најмногу ви е потребен! Го правам со години и сигурно ви гарантирам дека лекува pани и кашлица… се пие по една лажичка и кашлицата се смирува. Се повторува два – три дена.
Сега е време на цветање на ајдучката трева и кантарионот, малку задоцнија оваа година, но периодот што следи може да се наберат свежи.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
40 цветови кантарион
10 цветови ајдучка трева
500 мл маслиново масло
стаклена тегла
ПОСТАПКА:
Се собираат 40 цветови од кантарионот да не бидат прецветани. Исто се собираат и 10 цветови од ајдучка трева и се ставаат во тегла. Се налеваат со масло, се затвора теглата и се става на сонце 40 дена. После 40 дена се процедува и се собира во темно шише по можност стаклено и се чува во темна просторија.