Пругата Белград-Нови Сад, во рамки на меѓународната пруга Белград – Будимпешта, пуштена е во сообраќај, а во првиот брз воз на оваа релација, кој го носи името “Соко”, се возеа претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.
Возот на оваа линија ќе сообраќа со максимална брзина од 200 километри на час, а според најавеното ќе има пет линии дневно.
Новиот воз има сјуарди и стјуардеси, кои ќе послужуваат кафе, чај и храна, а возот има и бесплатен интернет.
“Ова дополнително ќе ги зближи Србите и Унгарците, Будимпешта ќе ни биде на два до два и пол часа. Неверојатно е каква врска ќе биде тоа. Пресреќен сум, ова е за нас историја”, изјави српскиот претседател.
Во Нови Сад Вучиќ и Орбан ги пречекаа илјадници граѓани.