Одобрија огромни суми за плати во СЈО, а докторите молат за маски и ракавици на социјалните мрежи? (Фото)

Дали има некој да донира маски за поликлиника Јане Сандански? Струмичка болница бара капи… Ова се само дел од повиците на социјалните мрежи преку кои вработени во здравството бараат помош, донации за заштита при нивната работа додека се борат со корона вирусот. Медицински персонал буквално од цела Македонија бара помош од различни организации за донирање на заштитни маски, ракавици, скафандери, капи и каљачи наместо сето тоа да им биде обезбедено од државата и Министерството за здравство.

Социјалните мрежи овие денови вријат откако медицински персонал буквално од цела Македонија бара помош од различни организации за донирање на заштитни маски, ракавици, скафандери, капи и каљачи наместо сето тоа да им биде обезбедено од државата и Министерството за здравство.

Јавноста со стотици коментари секојдневно ја напаѓаат државата и министерот за здравство Венко Филипче кој целосно потфрли во набавката на медицинската опрема за сите медицински установи, како и лошото справување со кризата.

Доктори и медицински лица речиси во секоја минута бараат заштитна опрема од најразлични хуманитарни организации кои овие денови се посветени на тоа.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.