Oдново гори депонијата Алинци во близина на Прилеп. Наши читатели ни испратија фотографии на кои се гледа дека над депонијата се креваат густи облаци од чад, а велат и дека се шири непријатна миризба.
Депонијата кај Алинци гореше и кон крајот на месец јуни годинава, а сега одново го загадува воздухот.
Засега немаме информација што е причината за пожарот и дали истиот е подметнат.